• четврток, 26 декември 2024

Продолжени рестриктивните мерки на Закинтос и во Ханија на Крит

Продолжени рестриктивните мерки на Закинтос и во Ханија на Крит
Атина, 12 август 2021 (МИА) – Полицискиот час од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден воведени минатата седмица на грчкиот остров Закинотс и во градот Ханија на Крит, продолжени се до 18 август, јави дописничката на МИА од Атина. Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, Закинтос и Ханија од петокот се во црвената зона, кога беа воведени рестриктивните мерки до 13 август, а денеска се продолжени до среда наутро. Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција потсетуваат дека забрането е и организирање на секаков вид собири на над 20 лица во приватни простори, а во спротивно, предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра. Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 3.605 нови случаи, починаа 20 лица, а 240 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници. ср/

Остани поврзан