• петок, 27 декември 2024

Продолжение на 120.седница

Продолжение на 120.седница

Скопје, 13 септември 2023 (МИА) - Во рамки на 120. седница пратениците денеска го разгледаа и Предлог законот за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој, во прво читање.  

Здравко Трајанов од ВМРО - ДПМНЕ рече дека бројот на лица кои даваат совети во земјоделството е мал и земјоделците не можат да добијат навремен совет. Тој кажа дека земјоделието е во агонија поради немање концепција, не е регулирано кој ќе ги плаќа лицата кои ќе дават совети.

Реплицираше Марија Костадинова од СДСМ која кажа дека земјоделците се соочуваат со климатски промени, но и дека МЗШВ ги исплаќа субвенциите, дека е донесена реформа во интерес на земјоделците, има нови програми, како и интервентна програма.

Пратеничката Лолита Ристова од СДСМ истакна дека решението е соодветно бидејќи произлегува од земјоделците и фармерите кои се соочуваат со предизвиците кои ќе следат.

Со новата ИПАРД 3 програма е потребна советодавна услуга, кажа Ристова.

Според Дајанчо Ефтимов од ВМРО ДПМНЕ власта нема капацитет за спроведување на политики на земјоделие и праша колку ќе користат финансии.

Марија Костадинова пак кажа дека ИПАРД 3 е договорена од оваа влада и нагласи дека ЕУ ги зголеми средствата.

На седницата заврши и општата распраа за статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Претходно, во рамки на 120. седница пратениците дебатираа за Предлог на законот за изменување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка. Пратениците од опозицијата повторно бараа формирање анкетна комисија за испитување на случајот со Клиниката за онкологија. 

Продолжението на 120 седница ќе биде дополнително закажано. ам/ев/

Остани поврзан