• среда, 25 декември 2024

Продажните цени на производителите на индустриски производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво

Скопје, 11 август 2023 (МИА) - Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 0,6 процента. Во однос на странските пазари, пак, продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво се пониски за 0,2 отсто, а на годишно за 1,4 проценти.

Во јуни 2023, во споредба со мај 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија остануваат непроменети, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,2 процента. Во јуни 2023, во споредба со јуни 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 18,4 отсто, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1,1 процент и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 17,1 отсто.

Според Државниот завод за статистика, во споредба со мај 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,2 процента. Во споредба со јуни 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 20,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,4 проценти. мч/са/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан