• недела, 24 ноември 2024

Продажбата на половни електромобили во Велика Британија со ново високо ниво

Продажбата на половни електромобили во Велика Британија со ново високо ниво

Лондон, 10 ноември 2022 (МИА) - Продажбата на половни електрични автомобили достигна рекордно високо ниво во Велика Британија. Околу 16.775 половни возила биле купени меѓу јули и септември, што е за 44,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани, соопшти британското Здружение на моторни произведувачи и трговци.

Продажбата на половни хибридни електромобили, пак, се зголеми за 2,5 насто на годишно ниво, но побарувачката за „плаг-ин“ хибриди падна за 5,8 насто. Пазарниот удел на сите користени електрифицирани автомобили се зголеми од 3,3 отсто на четири отсто. Вкупниот број на користени автомобили купени меѓу јули и септември е 1,8 милиони, што е првпат овој квартален параметар да падне под два милиони, по 2015 година.  си/сд/

Остани поврзан