• петок, 27 декември 2024

Продадени сите билети за светската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ во Венеција

Продадени сите билети за светската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ во Венеција
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - Светската премиера на најновиот филм на Теона С. Митевска -  „Најсреќниот човек на светот“ на Венецискиот фестивал ќе се одржи денеска во 14:15 часот во сала „Darsena“.  Од продукцијата информираат дека интересот за филмот е голем и продадени се сите карти за проекциите. - Венеција е посебен и најстар филмски фестивал и огромна е честа да бидеме тука, изјавија од продукцијата.

Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево.

Агенцијата за филм е презадоволна од успехот на филмот досега и очекува успешен прием на филмот кај жирито и кај публиката.

Ова е приказна за непредвидливоста на животот, случајните средби меѓу напаѓачот и жртвата, оживувањето на болното минато, ова е приказна за невозможни спојки, за љубовта и апсурдот. Филмот започнува како хумористична екскурзија и се развива во планина од искуства. Природниот ритам е тесно поврзан со техниките на распит додека се трага по вистината после насилство. Овој филм ги размотува слоевите емоции полека носејќи го гледачот до точка на вртоглавица. Во главните улоги се Јелена Кордиќ Курет и Аднан Омеровиќ, во споредна улога Лабина Митевска, потоа Ана Костовска и Николина Кујача, како и Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева од Северна Македонија во низа епизодни улоги заедно со Ксенија Маринковиќ од Хрватска, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ од БиХ. мд/са/ [embed]https://vimeo.com/745534472[/embed]

Остани поврзан