• сабота, 23 ноември 2024

Продавница за секс-играчки нуди замена за непотребни подароци

Продавница за секс-играчки нуди замена за непотребни подароци
Лондон, 9 јануари 2020 (МИА) - Компанијата за секс-играчки „Лавхани" објави понуда за замена на несакани новогодишни подароци, за нивни производи. Заменетите предмети ќе одат во добротворни цели, односно наменети за бездомниците во Лондон. „Со секс-играчки ќе се здобијат само првите илјада луѓе, кои сакаат да се ослободат од несаканите божиќни подароци. Тоа може да бидат книги, облека, ди-ви-дија, но сè тоа треба да биде одлично сочувано. Замената ќе се врши крај брегот на Темза во лондонскиот кварт Саутбенк“, известуваат од британската компанија. Највисоката цена на секс-подарокот, сепак, мора да биде најмногу 60 фунти. Организаторите на настанот истакнуваат дека така сите ќе бидат задоволни: „Бездомниците ќе имаат корист од подарените предмети, а дарителите ќе се насладуваат на сексуални ’занимации‘ во најздодевните и студени месеци на годината“.  си/

Остани поврзан