• вторник, 24 декември 2024

Програмерски хакатон во македонското Собрание

Програмерски хакатон во македонското Собрание

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Во македонското Собрание денеска ќе се одржи „Дигитален мост: Собраниски хакатон“ кој има за цел да ги поврзе младите програмери со Собранието преку развивање иновативни софтверски решенија.

Хакатонот се реализира во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, како организатор и домаќин е Собранието на Република Северна Македонија. Има за цел да ги поврзе младите програмери со Собранието преку развивање иновативни софтверски решенија, користејќи сетови на податоци од Порталот за отворени податоци на Собранието, Националниот портал за отворени податоци и Порталот за отворени финансии. 

Овој настан, според организаторот, е дизајниран да ги инспирира и поттикне младите таленти да ја користат моќта на отворените податоци да изработат софтверско решение кое би се користело за јавно добро и кое би адресирало различни општествени предизвици. сст/аа/

фото МИА архива

Остани поврзан