• среда, 25 декември 2024

Програма за донации „Обединети за Турција и Сирија“ на ТВ Канал 5, се вклучија и политичарите

Програма за донации  „Обединети за Турција и Сирија“  на ТВ Канал 5, се вклучија и политичарите

Скопје, 12 февруари 2023 (МИА) - Голем број граѓани, меѓу кои политичари и уметници се вклучија во специјалната програма „Обединети за Турција и Сирија“ што се емитуваше попладнево на ТВ Канал 5  со телефонско јавување за донации.

Преку програмата беа упатени апели за донации за помош на Турција и Сирија по  разорниот земјотрес со кој беа зафатени на 6 февруари. Бројот на загинати веќе надмина над 33 илјади. 

Во програмата со  присуство се вклучија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски,  министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, градоначалничката на Скопје Данела Аросвска...

Сите апелираа помошта да  продолжи и во наредните денови и оти секој од својата функција ќе треба да придонесе  за да се помогне на жителите на Турција и на Сирија.

Со одлука на Владата, утрешниот ден е прогласен за ден на жалост во државава. лв/

 

 

Остани поврзан