• недела, 25 август 2024

„ВиноСкоп 2023“ од среда до сабота - врвни вина и настапи на Елена Ристеска, Куку Леле, Фолтин, Љубојна, Пајак

„ВиноСкоп 2023“ од среда до сабота - врвни вина и настапи на Елена Ристеска, Куку Леле, Фолтин, Љубојна, Пајак

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Врвни македонски вина на преку 40 македонски винарии, деликатеси и богата музичка програма, ќе понуди годинешното 13. издание на Фестивалот на виното - „ВиноСкоп“, што ќе се одржува на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ од утре до сабота.

-Од среда до сабота на фестивалот ќе настапат: Пајак, Offchestra, Brass Brothers, Фолтин, Максимовски Јунајтед, Калата, Миле Кузмановски, Елена Ристеска, Нино Величковски, Сале Певац, Баклава, Дани Димтровска, Куку Леле, Алис ин Вондербенд, Љубојна, Дац и Александар и многу други изведувачи од различни музички жанрови, најавуваат организаторите на „ВиноСкоп“. 

Влезот на „ВиноСкоп“ е бесплатен за сите посетители. љм/са/

Фото: Виноскоп 2023

 

Остани поврзан