• недела, 24 ноември 2024

Програмата за надзор која ја разоткри Едвард Сноуден, е незаконска

Програмата за надзор која ја разоткри Едвард Сноуден, е незаконска
Вашингтон, 3 септември 2020 (МИА)Федералниот апелационен суд одлучи дека програмата за набљудување, разоткриена од информатичорот Едвард Сноуден за американската разузнавачка Национална безбедносна агенција - НСА, е незаконска. Сепак, судиите се воздржаа, па не ја нарекоа и неуставна. Судот соопшти дека програмата со којашто НСА собирала и анализирала обемни податоци од телекомуникациски компании, го прекршила Законот за надзор на странско разузнавање и, тоа може да е противуставно. Сноуден на Твитер објави дека ова значи дека тој не е криминалец и оти веќе седум години ја говори вистината. - „Никогаш не верував дека ќе доживеам да видам како нашите судови ја осудуваат дејноста на НСА како незаконска и во таа одлука признаваат дека сум ги разобличил... А сепак, тој ден дојде“, напиша тој Сноуден сè уште е обвинет за шпионажа во САД. Откако првично негираа дека разузнавачката агенција собирала информации за американски граѓани, официјалните лица изјавуваа дека шпионажата ѝ помага на земјата во борбата против домашниот екстремизам. Организациите за човекови права, како што е Американската унија за граѓански слободи, ја поздравија одлуката како „победа на правото на приватност“ на Американците. си/ссм/

Остани поврзан