Програмата Дигитална Европа на ЕУ промовирана во Тетово
- Во „ЕУ Инфо куќа“ во Тетово денеска беа презентирани можностите кои ги дава Програмата за дигитална Европа (ДИГИТАЛ), односно фонд од 7,5 милијарди евра на европско ниво за проекти посветените на дигиталната трансформација на општествата.
Тетово, 13 декември 2024 (МИА) – Во „ЕУ Инфо куќа“ во Тетово денеска беа презентирани можностите кои ги дава Програмата за дигитална Европа (ДИГИТАЛ), односно фонд од 7,5 милијарди евра на европско ниво за проекти посветените на дигиталната трансформација на општествата.
Граѓаните и институциите може да аплицираат во четири областа вештачка интелигенција, суперкомпјутери, проекти за напредни дигитални вештини, како и за напредни дигитални технологии.
За можностите од програмата, зборуваше евроамбасадорот Михалис Рокас.
- Инвестицијата во дигиталната трансформација ги засега сите елементи во животот, не само администрацијата, општините, исто така и граѓаните и бизнисите, а факт е дека е инвестиција која никогаш нема да биде изгубена. Треба да биде инвестиција во овие клучни моменти и треба да биде систем кој е достапен за сите како за луѓето кои носат одлуки но и да биде алатка која ќе го олесни секојдневниот живот на граѓаните околу документи, печати, сертификати. Ваквиот систем е воедно алатка на Владата со која ќе се бори против корупција, рече Рокас.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека Владата во рамки Програмата за дигитална Европа (ДИГИТАЛ) веќе има потпишано грант договор со Европската Унија за основање на Национален центар за побезбеден интернет.
- Исклучителен фокус, како Министерство ставивме и на воведувањето на дигитални лични карти и возачки дозволи преку ID Wallet системот – технологија која е веќе стандард во најразвиените европски земји. Паралелно со тоа, интензивно работиме на неколку законски текстови што се поврзaни со овие процеси. Веќе на претходната седница на Владата, донесовме заклучок за потпишување на грант договорот, кој е втор наш проект во рамката за Дигитална Европа. Преку овој проект, ќе ја обезбедиме Супер Апликацијата ДИИА од Украина за македонските граѓани. Тоа ќе значи подостапни услуги преку мобилен телефон и електронски лични документи достапни насекаде, истакна министерот Андоновски.
На трибината зборуваше и координатор на првиот проект потпишан во рамки на дигитална Европа откако Билјана Пејовска Ристевска.
Центарот за безбедноста на интернет треба да биде тело на долг рок за заштита на интернет. Претставува конзорциум со 11 партнери на а национални ниво, од кои четири универзитети и шест невладина организации, две советодавни тела – тело за развој на образование и софтверска компанија. Има свои цели три столбови да има заштита од интернет, да се искористат можностите за подобрување на дигиталните вештините, употреба на технологијата во правилна смисла и сајбер заштита, истакна Билјана Пејовска Ристевска.
На трибината беше промовиран и концептот на INNOFEIT-првиот македонски европски центар за дигитални иновации (EDIH), исто така дел од Програмата за дигитална Европа. ас/лв/
фото: МДТ