• недела, 24 ноември 2024

Проблемите на Бајден поради турското купување авиони

Проблемите на Бајден поради турското купување авиони
16 октомври 2021 Фајненшл тајмс Доколку одобри продажба на 40 авиони Ф-16 на Турција, американскиот претседател ќе биде цел на критики, а доколку не продаде Анкара има нов аргумент да се сврти кон Москва. Новата иницијатива на Турција, која има долгогодишен проблем со млазните борбени авиони, за купување американски Ф-16 и опрема за модернизација на 80 такви авиони што ги поседува, ја става администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден помеѓу чеканот и наковалната, наведуваат американските медиуми.
Како што се истакнува во авторскиот текст на „Фајненшл тајмс“, членката на НАТО била блокирана да добие повеќе од 100 нови авиони Ф-35, откако одлучила да купи руски системи за противвоздушна одбрана С-400.„Анкара се надева дека ќе го реши овој проблем некаде во иднина со производство на сопствен авион, но тој авион е далеку од готов. Затоа сега бара од Вашингтон да купи 40 нови Ф-16, како и опрема за модернизација на 80 стари“, пишува авторката на ФТ, Лора Пител.
Зошто Конгресот на САД е лут на Ердоган                 Се наведува дека станува збор за постар авион кој, за разлика од Ф-35, не би требало да има проблеми со С-400, па се чини дека станува збор и за многу профитабилен бизнис за американската наменска индустрија, како и начин за подобрување на односите на САД и Западот со Турција, кои не сакаат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да биде уште поблизок со неговиот руски колега Владимир Путин. Но, се уште не е познато дали САД ќе се согласат на оваа работа, пишува ФТ, најмногу затоа што американскиот Конгрес (кој може да ја прекине продажбата) има непријателски став кон Ердоган од многу причини, од човекови права до воени операции во Сирија. „Лутиот Конгрес веројатно ќе побара отстапки од Ердоган кога станува збор за руската опрема што веќе е во Турција, како и да не ја купува повеќе. Но, турскиот претседател, кој ги обвинува САД дека не му даваат алтернатива, тешко дека ќе попушти“. Шега или реалност за купување руски авион С-57   „Поради ова, администрацијата на Бајден е во тешка ситуација. Ако и дадат зелено светло на Турција безусловно да го купи Ф-16, турските критичари ќе го видат како недозволено попуштање. А, ако одбие, Анкара ќе има уште еден, свеж, изговор за свртување кон Русија “, пишува авторката. Потсетува дека Ердоган на шега, за време на посетата на рускиот саем на авиони, со Путин и со сладолед, праша дали ќе може да го купи најновиот авион С-57, а некои аналитичари се на мислење дека оваа шега лесно може да стане реалност. „Ако Американците не одобрат продажба на своите авиони, што ќе направи Турција? Па, ќе купи руски или кинески, затоа што треба да ја пополни празнината“, наведува еден европски дипломат, кој навистина сака Турција и САД да постигнат договор. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан