• среда, 18 декември 2024

Пробиштип награди четворица одбојкари во Македонската одбојкарска репрезентација

Пробиштип награди четворица одбојкари во Македонската одбојкарска репрезентација
Штип, 1 јули 2021 (МИА) - Одбојкарите Иван Андонов, Филип Николовски, Филип Савовски и Стојче Арсов  од Пробиштип, кои се во редовите на Македонската одбојкарска репрезентација од општина Пробиштип добија вредносни ваучери од по 25.000 денари.  Четворицата одбојкари денеска имаа и средба со градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, кој истакна дека тоа се нивни сограѓани, коишто во моментот играат за одбојкарската репрезентација и остварија значајни резултати за истата во изминатиов период. - Општина Пробиштип за нивниот успех им доделува симболични вредносни ваучери од по  25.000 денари во знак на благодарност што нѐ направија горди и како мотив за уште поголеми победи на претстојните натпревари, вели Анастасов. Тој им посака успех на претстојното Европско првенство 2021, кое ќе се одржи од 1 до 19-ти септември и какошто рече не се сомневаме дека ќе се покажете во најдобро светло. вдј/зс/

Остани поврзан