• среда, 25 декември 2024

Пробиштип меѓу општините со најдобри антикорупциски перформанси

Пробиштип меѓу општините со најдобри антикорупциски перформанси

Пробиштип, 4 јули 2024 (МИА) - Општина Пробиштип се најде меѓу трите надобро оценети општини врз основа на истражувањето кое го спроведе Центарот за граѓански комуникации, во однос на антикорупциските перформанси во спроведување на јавните набавки. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска  во изјава за МИА вели дека истражувањето и оценката се особено значајни за нив како општина и воедно е потврда дека правилно ги инвестираат парите на граѓаните.

Општина Пробиштип во соработка со Советот на млади во општината, формираше мобилни тимови за помош на сите стари и изнемоштени лица, информираше денеска градоначалникот Драган Анастасов.  

-Ова истражување е од големо значење за нашата општини, особено што доаѓа во еден ваков период, кога имаме нова влада, се докажува она што јас како градоначалник го работам изминативе години, и кон што се стремиме како општина, а тоа секако е правилно и законско работење, кое подразбира добро управување со јавните средства, односно правилно искористување на парите од граѓаните, вели Анастасов.

Забележува дека  за него е од особена важност ова истражување и се надева оти ќе биде земено како добар репер, за општините кои успешно и правилно управуваат со јавните средства, како што е Општина Пробиштип, а се со цел да продолжат и во иднина, но и за оние инстутуции и општини кои се со помала оценка да ги корегираат своите недостатоци и да го подобрат своето работење.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации кое е спроведено врз основа на 32 индикатори, и тоа за Владата, министерствата и општините ја вброи Општина Пробиштип, заедно со општините Кавадарци и Велес како општини со најдобри антикорупциски перформанси. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан