• среда, 25 декември 2024

Пробиштипскиот градоначалник Драган Анастасов го почна вториот мандат

Пробиштипскиот градоначалник Драган Анастасов го почна вториот мандат
Штип, 8 ноември 2021 (МИА) - Актуелниот градоначалник на Пробиштип, Драган Анастасов од денеска го почна вториот мандат, откако во вториот круг на локалните избори го победи својот противкандидат од ВМРО ДПМНЕ. Од претседателот на Општинска изборна комисија, Јорданчо Димитриев му беше врачено уверението за градоначалник на општина Пробиштип. - Функцијата градоначалник ја преземам како втор мандат кој ми го доверивте вие мои сограѓани, за што изразувам благодарност. Ветувам дека и по втор пат ќе ја оправдам вашата доверба и ќе вложам труд за реализација на сѐ она што го понудив како моја предизборна програма, но и се она што ќе произлезе како потреба за нашата општина, изјави Анастасов. Тој упати честитки до новиот состав на Советот на општина Пробиштип, од кој очекува конструктивна соработка и придонес со цел да продолжи развојот на Општината, за подобар живот на сите граѓани. вдј/свс/

Остани поврзан