• недела, 24 ноември 2024

Пробиштипскиот градоначалник бара ревидирање на проектот за изградба на мини хидроцентрала во Турско Рудари

Пробиштипскиот градоначалник бара ревидирање на проектот за изградба на мини хидроцентрала во Турско Рудари
Штип, 9 Февруари 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Пробиштип и мнозинството на советници во Советот на Општина Пробиштип бараат ревидирање на целата постапка околу изградбата на мини хидроцентралата во селото Турско Рудари. Градоначалникот, Драган Анастасов вели дека ја добил поддршката од страна на мнозинството на советници, по што барањето за ревидирање на постапката веднаш ќе го достават до Министерството за животна средина, за да какошто вели се спречи изградбата на мини хидроцентралата на реката Штакловица над селото Турско Рудари. -Општината навистина е немоќна да ја спречи изградбата на мини хидроцентралата и можеме да направиме дополнителни финансиски импликации на штета на буџетот на граѓаните на Општина Пробиштип, вели Анастасов. Тој истакна дека фирмата концесијата ја добила во 2016 година, во време на претходниот градоначалник. За проектов, тој и неговиот кабинет дознале ланското лето. МИА и претходно информираше дека жителите на пробиштипското село Турско Рудари се противат на изградбата на мини хидроцентрала. Стравуваат дека ќе останат без вода за пиење, но и за наводнување на нивните земјоделски површини. Во неколку наврати имаа и протести и блокада на патот, со цел да се спречи инвеститорот да работи на подготовка на теренот. вдј/аа/

Остани поврзан