• петок, 27 декември 2024

Пробиен патот до село Герман во општина Ранковце

Пробиен патот до село Герман во општина Ранковце
Крива Паланка, 7 февруари 2023 (МИА) - По три дена без сообраќајна поврзаност, жителите на селото Герман во општина Ранковце од денеска можат непречено да функционираат. Екипите на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патни правци успеа да го пробие патот.
 
-Трет ден работевме со целата расположлива механизација, булдожер и камиони, за пробивање на патот кон село Герман,  регионален пат што поради големиот снег и до еден метар на места, како и наносите од метар и половина, беше исклучително тешко да се расчисти. Сепак, денес, на задоволство на жителите на селото, расчистено е сѐ до сред село. Дечињата од утре може да продолжат со редовна настава, а и жителите на Герман да може да ги завршат неопходните потреби, изјави Боби Димитровски, раководител на секцијата на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, Крива Паланка.
 
Селото Герман е оддалечено околу 20 километри од Ранковце и има околу четириесет домаќинства.
Кривопаланечкото село Дренак е се уште отсечено. ид/хс/

Остани поврзан