• вторник, 30 јули 2024

При претрес во Кривогаштани пронајдени оружје и муниција, приведени две лица

При претрес во Кривогаштани пронајдени оружје и муниција, приведени две лица
Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани вчера во 15.30  часот го лишиле од слобода З. К. (32) од Кривогаштани, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени оружје и муниција.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една малокалибарска пушка „Брно“ со монтиран оптички нишан и монтирани ногарки, 235 куршуми калибар 221 мм, 25 куршуми калибар 9 мм, 5 куршуми калибар 7,9 мм, 90 куршуми калибар 8х57, една рачна шок бомба, четири рачни чадни бомби и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кражба“,информира во соопштение Министерството за внатрешни работи.
Оттаму дополнуваат дека поради сомнение за сторена кражба бил приведен и М.С.(28) од општина Кривогаштани.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавува МВР.сх/лв/

Остани поврзан