• недела, 24 ноември 2024

При контроли во угостителски објекти во скопски Карпош утврдено точење алкохол на малолетници, приведени три лица

При контроли во угостителски објекти во скопски Карпош утврдено точење алкохол на малолетници, приведени три лица

Скопје, 30 јули 2022 (МИА) На 29/30.07.2022 на подрачјето на Карпош во рамки на „Безбедно лето 2022“ извршена е контрола во угостителски објекти со цел преземање на мерки и активности за спречување на нарушување на јавниот ред и мир и контрола точење и продавање на алкохол на малолетници.

Како што соопшти МВР, при контролата во еден од нив биле затекнати две малолетни женски лица како консумираат алкохол, за што против родителот/старателот на малолетниците, правното лице, одговорните и вработената во правното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Воедно, при контрола на патничко возило приведени се М.Г.(39), М.В.(38) и С.Н.(44), сите од Скопје и на истите им е сочинет записник за констатирани прекршоци од Закон за лични карти и од Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата. нд/лв/

 

 

Остани поврзан