• сабота, 23 ноември 2024

При бродолом во Средоземно Море загинаа 17 мигранти

При бродолом во Средоземно Море загинаа 17 мигранти
Тунис, 22 јули 2021 (МИА) - Најмалку 17 мигранти од Бангладеш загинаа, а повеќе од 160 се спасени откако бродот со кој се патувале кон Европа се запали и потона во Средоземно Море. Според преживеаните настрадале мигрантите кои биле во посебен дел од бродот, бидејќи помалку платиле за патувањето и се задушиле од чадот кога се запалил моторот. На бродот имало околу 400 луѓе од Мароко, Египет, Сирија, Брег на Слонова Коска, Либија и Тунис, но либиската морнарица превезла околу 200 мигранти. ми/

Остани поврзан