Пријавени 39 романи за наградата „Роман на годината“
- Вкупно 39 романи годинава се пријавиле за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
![Пријавени 39 романи за наградата „Роман на годината“](https://new.mia.mk/index.php/images/20221112031943_big_730x400_49.webp )
Скопје, 20 јануари 2022 (МИА) - Вкупно 39 романи годинава се пријавиле за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Жири-комисијата, во состав на претседателот Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева, е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година.
Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.бт/лв/
![жири на роман на годината](/articles/images/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-39-%d1%80%d0%be/DFsg7D9hr/placeholder.webp?use_watermark=0)