• сабота, 23 ноември 2024

Пријавени два случаја на семејно насилство

Пријавени два случаја на семејно насилство

Скопје, 17 април 2023 (МИА) - Два случаја на семејно насилство се пријавени вчера во полиција. Во првиот случај, синоќа во 19.15 часот,  бил лишен од слобода Д.Н.(31) од Ресен. 

Како што се наведува во МВР-билтенот, тој во домот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. Потоа со остар предмет упатил закани кон нејзиниот татко.

Во вториот случај, пак, вчера попладне во струшкото село Мислешево полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода И.Р.(24) од Струга. 

Лицето е приведено поради сторено кривично дело загрозување на сигурноста во врска со семејно насилство.  

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. мд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан