• недела, 24 ноември 2024

Приходите од Суецкиот канал во 2021 година рекордни 6,3 милијарди долари

Приходите од Суецкиот канал во 2021 година рекордни 6,3 милијарди долари
Каиро, 3 јануари 2022 (МИА) - Приходите на египетскиот Суецки канал во 2021 година изнесуваат рекордни 6,3 милијарди американски долари, изјави претседателот на Управата на Суецкиот Канал (СКА) Осама Рабие. Минатогодишните приходи се за 12,8 отсто повисоки од 2020 година. Водениот пат, исто така, постигна најголема годишна нето-тонажа од 1,27 милијарди тони, што е за 8,5 отсто повеќе од 1,17 милијарди тони во 2020 година. Минатата година низ двата правци на каналот поминале 20.694 бродови, десет отсто повеќе од 2020 година.
Египет во ноември најави дека ќе ја зголеми таксата за бродовите што минуваат низ каналот за шест отсто од февруари 2022 година. Суецкиот канал е од клучно значење за глобалната поморска трговија бидејќи овозможува пловидба меѓу Европа и Јужна Азија без да се заобиколи Африка, со што се намалува растојанието на поморското патување меѓу Европа и Индија за околу седум илјади километри.
Околу 12 отсто од светската трговија минува низ овој вештачки канал, кој е главен извор на девизи за Египет. паг/
 

Остани поврзан