• четврток, 26 декември 2024

Прифатилиштето за бездомни кучиња во Струмица ќе почне со работа на почетокот на декември

Прифатилиштето за бездомни кучиња во Струмица ќе почне со работа на почетокот на декември
Струмица, 27 септември 2021 (МИА) - Прифатилиштето за бездомни кучиња во Струмица ќе почне да работи на почетокот на декември. Завршени се градежните работи и дотогаш треба да завршат неопходните административни процедури и добивање дозволи од надлежните институции. Објектот е лоциран во близина на Пречистителната станица во Струмица, а неговата изградба и опремување чини над 10 милиони денари. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој и УНДП, а инвеститор е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со општините. -Прифатилиштето е регистрирано, а бидејќи станува збор за јавно претпријатие вработувањата треба да бидат одобрени од Агенцијата за администрација. Тие треба да посетуваат и обука на Факултетот за ветеринарство, а очекуваме да ја добиеме и дозволата од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инаку, прифатилиштето е целосно опремено, набавени се специјализирани возила за заловување и транспорт на кучињата и ќе се изврши уредување на просторот во наредниот период, рече Жулиета Ѓуркова, директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Со прифатилиштето ќе управува Јавното претпријатие „Астра Луна“ со вработени стручни лица и во него ќе има 48 боксови за кучиња. рт/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан