• петок, 10 јануари 2025

Прифатен предлогот на СКСЗМ за измена на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам

Прифатен предлогот на СКСЗМ за измена на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам
Скопје, 3 јануари 2020 (МИА) - Стопанска комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) изрази задоволство што Собранието го усвои нејзиниот предлог, со кој се бараше плаќањето на готовина за стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршена преку банка, наместо 500 евра, да се ограничи на 3.000 евра. - Собранието на Република Северна Македонија ја разбраа сериозноста на предлогот и го зедоа во предвид барањето на СКСЗМ, со што предлагаа измена на член 182 и го подигнаа нивото на плаќање на готовина од 500 на 3.000 евра, што значително ќе се одрази на економијата на земјата а особено на отстранувањето на горенаведената пречка за потрошувачите, соопшти СКСЗМ. Комората додава дека нивниот предлог е во согласност со легислативата на ЕУ и со Директивата 2015/849 за спречување на употребата на финансискиот систем за перење пари и финансирање тероризам. Според Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, член 182, се ограничува плаќањето со готовина на износ од 500 евра на 3.000 евра за стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги. ир/сп/

Остани поврзан