• сабота, 23 ноември 2024

Притисок во Челси: Дел од играчите сакаат Покетино да си замине

Притисок во Челси: Дел од играчите сакаат Покетино да си замине

Лондон, 1 април 2024 (МИА) - Челси одигра уште еден лош натпревар, откако тимот не успеа да го победи Барнли дома (2:2).

Англиските медиуми пренесуваат дека некои од играчите на Челси им кажале на сопствениците дека би сакале менаџерот Маурисио Покетино да биде сменет на крајот од сезоната.

Челси трошеше чудесни суми во изминатите преодни рокови, но тимот е 11-ти на табелата и покрај тоа што не игра во Европа.

Притисокот се зголемува врз Покетино и тешко дека ќе може да ја задржи работата доколку не влезе во серија на добри резултати до крајот на сезоната. дс

Фото: Архива

Остани поврзан