• недела, 24 ноември 2024

Притвор од 30 дена за 63-годишен скопјанец за кого постои сомнеж дека задоволувал полови страсти пред друг

Притвор од 30 дена за  63-годишен скопјанец за кого постои сомнеж дека задоволувал полови страсти пред друг

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела „Задоволување полови страсти пред друг“ од член 190 од Кривичниот законик. Едното полово дејствие, како што се наведува, тој го извршил пред дете кое наполнило 14 години.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Од ЈО посочуваат дека постојат околности што укажуваат на опасност од криење, односно дека осомничениот ќе се даде во бегство, постои оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Јавното обвинителство информира дека осомничениот на 24 јули, патувајќи со воз, во близина на Скопје, во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче, родено 2006 година кое патувало со возот. Девојчето, како што се наведува во соопштението, вознемирено се преместило на друго седиште, по што осомничениот продолжил кон друг вагон.

Осомничениот потоа седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место.

- Оштетените видно исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле осомничениот и го однеле во полициска станица, стои во соопштението. мд/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан