• среда, 25 декември 2024

Притвор за осомничен за спречување полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Притвор за осомничен за спречување полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Кавадарци, 5 мај 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. 

- На 2 мај, во куќа на улицата ,,Димката А. Габерот” во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејствие – фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот. Затвореникот давал отпор при обидот да биде лишен од слобода за доизвршување на затворската казна, во што сега осомничениот го поддржал, се нафрлил врз еден од полициските службеници, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди, се вели во соопштението од Обвинителството. 

Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал во прв момент, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определил притвор во траење од осум дена, се наведува во соопштението. свд/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан