• четврток, 26 декември 2024

Притворено 36 годишно лице од Демир Капија, сопругата го пријавила за физички напад

Притворено 36 годишно лице од Демир Капија, сопругата го пријавила за физички напад

Скопје, 17 септември 2023 (МИА) - Полициските службеници од СВР Велес вчера лишиле од слобода 36-годишно лице од Демир Капија, откако сопругата го пријавила  за физички напад, известуваат од Министерство за внатрешни работи. 

-На 16.09.2023 во 18.30 часот во Демир Капија од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода С.П.(36) од Демир Капија, затоа што, според пријавеното, околу 17.00 часот во семејниот дом во Демир Капија физички ја нападнал неговата сопруга, велат од МВР.

Оттаму информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. сх/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан