• четврток, 26 декември 2024

Притворена мајката на 12-годишното девојче од Атина, жртва на педофилија, сексуална злоупотреба и принудување на проституција

Притворена мајката на 12-годишното девојче од Атина, жртва на педофилија, сексуална злоупотреба и принудување на проституција
Атина, 18 октомври 2022 (МИА) – Во женскиот дел од атинскиот затвор денеска беше пренесена мајката на 12-годишното девојче жртва на педофилија, сексуална злоупотреба и принудување на проституција, откако вчера, по дадениот исказ пред истражен судија, на 37-годишната жена ѝ беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина. Откако беше откриен случајот и уапсен 53-годишен маж, кој го силувал и го принудувал девојчето на проституција, меѓу уапсените беше и мајката која се товари за проституција на лице помладо од 15 години во блиска роднинска врска во замена за паричен или било каков друг надомест, меѓутоа и при апсењето и пред истражниот судија ги отфрлила обвинувањата, тврдејќи дека не знаела дека нејзината ќерка била злоставувана и нема никаква вмешаност. Сепак и покрај овие тврдења, ѝ едногласно и бил одреден притвор. За целиот случај, уапсени се вкупно шест лица, од кои освен мајката, останатите петмина се мажи. Меѓу нив е прво осомничениот 53-годишниот кој е веќе во притвор, како и уште четворица кои сексуално го злоупотребиле девојчето. Мерка притвор му е одредена и на уште едно лице, а останатите тројца уапсени на возраст од 33, 34 и 36 години, кои се товарат за силување на девојчето, утре ќе бидат изведени пред истражен судија. Според грчките медиуми, 12-годишното девојче дало нов исказ во присуство на детски психолог и открило дека 53-годишниот Илиас Михос кој неколку месеци сексуално ја злоупотребувал и ја принудувал на проституција, ја носел и во бордел, каде што ја терал да има сексуални односи со други мажи, а потоа лично тој ги земал парите. Како што објави МИА во саботата, целиот случај ја потресе Грција, а медиумите континуирано и детално известуваат. Во периодот од април до август, главниот осомничен, 53-годишниот континуирано, со употреба на сила, сексуално го злоупотребувал девојчето и ја терал да му испраќа провокативни фотографии, кои ги објавувал преку различни профили на различни педофилски платформи и сајтови на интернет и во улога на макро барал „клиенти“ за 12-годишната, а според медиумите, полицијата открила листа со 213 потенцијални клиенти- педофили кои изразиле интерес за сексуален контакт со девојчето. Според истите информации истрагата на полицијата продолжува и не е исклучена веројатноста да се вклучени и други лица и да има дополнителни апсења. ср/сд/

Остани поврзан