• среда, 25 декември 2024

Присуството на Турција во Сирија треба да спречи земјата да падне под влијание на терористичките групи, тврди извор од турското МО

Присуството на Турција во Сирија треба да спречи земјата да падне под влијание на терористичките групи, тврди извор од турското МО

Анкара, 29 август 2024 (МИА) - Присуството на Турција во соседна Сирија треба да спречи земјата разурната од војна да падне под влијание на терористичките групи, изјави извор од турското Министерство за одбрана, откако Дамаск најави дека повлекувањето на нејзините војници не е предуслов за подобри односи со Анкара.

Турските сили и бунтовничките фракции поддржани од Турција контролираат делови од северна Сирија, а Анкара започна последователни прекугранични офанзиви во 2016 година, главно за да ја исчисти областа од Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите, кои се поддржани од САД.

Турција смета дека курдските Единици за заштита на народот, кои доминираат во СДФ, како огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК), која ја смета за „терористичка“ група.

„Присуството на Турција во Сирија спречува поделба на сириска територија и создавање терористички коридор таму. Сакаме да видиме демократска и просперитетна Сирија, а не Сирија зафатена од нестабилност и терористички организации“, изјави изворот од Министерството.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во последните месеци бараше приближување со Дамаск, поканувајќи го Асад во Турција. Асад во неделата рече дека повлекувањето на турските сили од нејзината територија не е предуслов за приближување. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан