• среда, 25 декември 2024

Пристигна нова група Американци волонтери во Мировен корпус

Пристигна нова група Американци волонтери во Мировен корпус

Скопје, 11 септември 2023 (МИА) - Пристигна нова група Американци волонтери во Мировен корпус, кои ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во земјата.

Волонтерите денеска беа пречекани на аеродромот од страна на директорката на Мировен корпус во Северна Македонија, Дебора Конор, како и од дел од вработените.

- Ова е 26 група на волонтери коишто пристигнаа во Северна Македонија, а втора откако беа евакуирани во 2020 година заради светската пандемија. Од година во година, бројот на волонтерите сè повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес кој постои кај Американците служат во Македонија, изјави Конер.

Од Мировниот корпус известуваат дека за време на нивниот двогодишен престој во државата, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации.

Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

- Ова е 26-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Северна Македонија, известуваат од Мировниот корпус.

Тие истакнаа дека волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура, а својата служба во земјата ќе ја почнат во декември 2023.

Од 1996 година па се до денес, во нашата држава служеле повеќе од 800 американски државјани. сан/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан