• петок, 27 декември 2024

Пристигнаа најавените локомотиви од „Србија Карго” за товарниот сообраќај на МЖ Транспорт

Пристигнаа  најавените локомотиви од „Србија Карго”  за товарниот сообраќај на МЖ Транспорт

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Четирите најавени локомотиви од „Србија Карго” пристигнаа во Македонија и веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на „Македонски железници”, објави денеска министерот за односи помеѓу заедниците Иван Стоиљковиќ.

Станува збор за четири локомотиви за товарен сообраќај што, како што наведува во објавата на Фејсбук, ќе бидат од суштествено значење за непречено фунционирање на товарниот сообраќај низ Македонија, преку Србија, до земјите од Европската Унија.

- Договорената соработка е од големо значење не само за двете железнички компании туку и за севкупната регионална соработка по Коридорот 10 која не само што ќе го зголеми капацитетот на транзитниот сообраќај, туку и приходите, во пресрет на се поголемата побарувачка на теретниот транспорт. Пофалба за директорот на МЖ транспорт Дејан Кошутиќ за брзото спроведување на постапката и на надлежниот министер Александар Николовски кој со своето несебично залагање и труд обезбеди внатрешна логистика на процесот, мое беше само да обезбедам комуникација помеѓу компаниите и политичка поддршка од српската Влада локомотивите што побрзо да стигнат и да се стават во функција. Тимската работа секогаш носи добри резултати,  наведува Стоиљковиќ.

Се заблагодарува на српската Влада за покажаното разбирање и брзата реакција во, ко што посочува, решавањето на проблемот со кој се соочувавме. 

АД за железнички транспорт на стоки Србија Карго и Железница на Северна Македонија – Транспорт АД Скопје,  завчера објавија дека склучиле договор за изнајмување на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки.лв/са/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан