• среда, 13 ноември 2024

Пристигнаа заштитни маски во штипската Клиничка болница

Пристигнаа заштитни маски во штипската Клиничка болница

Штип, 11 ноември 2020 (МИА) - Во штипската Клиничка болница денеска пристигнаа 19.000 заштитни маски, кои се донација од Министерството за здравство.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев истакна дека донациите во моментов помагаат со справувањето со пандемијата и заштитата на здравствените работници. Поради распишаните избори за градоначалник на Општина Штип, болницата иако е регионален центар за сите општини од источниот регион, не може да распишува тендери по итна постапка.

- Во моментов недостасуваат мерачи за сатурација, кои ни се потребни за пациентите кои болнички се лекуваат на Инфективното одделение. Поради изборите не може да ги набавиме под итна постапка, но со помош на општествено одговорни компании очекувам веќе утре да имаме 50 такви мерачи. Нивната цена се движи од 1.200 до 1.500 денари. Претходно со помош на општествено одговорни фирми набавивме и регулатори за боците со кислород, вели Ѓеорѓијев.

На Инфективното и Кожно одделение денеска има само пет слободни кревети, пополнети се вкупно 60, а 23 пациенти се во тешка состојба. Во болнички услови починати се четворица пациенти, 50 годишна штипјанка, 71 годишен од Кавадарци и двајца пациенти од Радовиш на возраст од 72 и 82 години. вдј/фф/

Остани поврзан