• четврток, 19 декември 2024

Припадници на американската армија казнети за пропусти во случајот на резервистот кој уби 18 лица

Припадници на американската армија казнети за пропусти во случајот на резервистот кој уби 18 лица

Вашингтон, 23 јули 2024 (МИА) – Тројца офицери на американската армија се казнети затоа што не ја следеле процедурата во случајот со армискиот резервист Роберт Кард, кој минатата година уби 18 луѓе во Мејн пред да си го одземе животот, покажа воената истрага чии резултати беа објавена денеска.

Истрагата наведува дека психичкото здравје на резервистот се влошило неколку месеци пред пукањето и оти страдал од халуцинации.

Семејството на Роберт Кард, наводно, контактирало со канцеларијата на шерифот пет месеци претходно за да пријави загриженост за неговото ментално здравје и затоа што има пристап до најмалку 10 пиштоли. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан