• сабота, 23 ноември 2024

Приоритет на грчката Влада е безбедна евакуација од Авганистанци кои соработувале со грчките сили и заштита на границите

Приоритет на грчката Влада е безбедна евакуација од Авганистанци кои соработувале со грчките сили и заштита на границите
Атина, 18 август 2021 (МИА) – Приоритет останува координацијата за безбедна евакуација и враќање од Авганистан на лицата и нивните семејства, кои соработуваа со грчките сили, се наведува во соопштението од кабинетот на грчкиот премиер по состанокот на владиниот совет за национална безбедност за последните случувања во Авганистан, свикан од премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. На советот било разговарано и за планот, како на европско и на билатерално, така и на национално ниво „за потребата за заштита на границите и избегнување нова хуманитарна криза“. - Грчките власти секогаш будно ги следат и копнените и морските граници за спречување на илегални влезови во земјата, се додава во соопштението. На состанокот присуствувале министрите за надворешни работи, за цивилна заштита, за одбрана, за поморство, за миграција, државниот министер, заменик-министерот за одбрана, генералниот секретар на премиерот, началникот на Генералштабот, директорот на Националната разузнавачка служба, директорката на дипломатската канцеларија на премиерот и советникот за национална безбедност. За евакуација од Авганистан надлежно е Министерството за надворешни работи на Грција, од каде вчера соопштија дека по упатствата од шефот на дипломатијата Никос Дендиас и во координација со МНР на други земји, грчки државјанин, безбедно, од Кабул бил пренесен во Исламабад од каде што ќе се врати во Грција. ср/ми/

Остани поврзан