• недела, 17 ноември 2024

Принц Хари: Некои од британското кралско семејство „легнаа со ѓаволот“ во полза на својот углед

Принц Хари: Некои од британското кралско семејство „легнаа со ѓаволот“ во полза на својот углед

Лондон, 9 јануари 2023 (МИА) - Принцот Хари изјави дека со новата книга „Spare“ и новото разоткривање на раздорот со британското кралско семејство, тој всушност, сака да се обиде „да ѝ помогне на монархијата и да ги промени медиумите“.

Во првото од серијата ТВ-интервјуа, она за британската „Ај-ти-ви“ емитувано вчера, пред официјалното објавување на неговите мемоари, Хари обвини некои од членовите на семејството дека „спиеле со ѓаволот“ - жолтиот печат, за да го оцрнат него и неговата сопруга Меган, а во корист на својот углед. Тој изјави и дека ја напуштил Велика Британија со своето семејство преселувајќи се во Калифорнија во 2020 година „плашејќи се за своите животи“ и истакна дека веќе не може да ги препознае својот татко, кралот Чарлс Трети и постариот брат, престолонаследникот, принцот Вилијам.

- После многу, многу години лаги кои беа кажани за мене и моето семејство, доаѓа миг кога, навраќајќи се на односот меѓу одредени членови на семејството и таблоидниот печат - овие одредени членови решија да „спијат со ѓаволот“... За да си го поправат нивниот имиџ!, рече Хари. - Во мигот кога оваа рехабилитација станува штетна за другите - за мене, за другите членови на моето семејство, тогаш повлекувам линија, нагласи тој.

Во интервјуто, Хари ги повтори и ги прошири обвинувањата што тој и Меган ги упатија по повлекувањето од нивните кралски должности - дека кралското семејство и нивните помошници не само што не успеале да ги заштитат од непријателскиот, а понекогаш и расистички печат, туку и активно дозволувале приказни за нив преку анонимни извори.  си/

Остани поврзан