• среда, 13 ноември 2024

Принцот Хари ѝ оддаде почит на покојната кралица Елизабета Втора

Принцот Хари ѝ оддаде почит на покојната кралица Елизабета Втора

Лондон, 12 септември 2022 (МИА) - Принцот Хари денеска ѝ оддаде почит на својата баба, кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета Втора, која почина минатата недела на 96-годишна возраст. Тој истакна дека го цени времето што го минал со неа и дека ќе го почитува својот татко кој сега е крал.

Хари, кој со неговата сопруга Меган Маркл се повлече од кралските должности во 2020 година, го пофали служењето на кралицата кон народот и емотивно зборуваше за неа како негова баба. - Бабо, иако оваа конечна разделба нè растажува, вечно сум благодарен за сите наши први средби - од споменот за тебе од моето најрано детство, до првата средба со тебе како мој врховен командант, до првиот пат кога ја запозна мојата драга сопруга и ја прегрна твојата сакана правнука. Ги ценам тие мигови минати со тебе и многу други посебни нешта меѓу нив. Веќе ни недостигаш многу. Не само нам, туку и на целиот свет... Кога станува збор за првите средби, сега го почитуваме татко во неговата нова улога како крал Чарлс Трети, нагласи Хари. За потсетување, Хари и Меган се отуѓија од кралското семејство, вклучително и неговиот татко, откако се откажаа од кралските должности и беа доста критички насочени кон однесувањето спрема нив во Бакингемската палата.  си/сд/

Остани поврзан