• недела, 24 ноември 2024

Принцот Хари: Британскиот печат ми го уништи психичкото здравје

Принцот Хари: Британскиот печат ми го уништи психичкото здравје
Лос Анџелес, 26 февруари 2021 (МИА) - Принцот Хари, според своето кажување, се повлекол од кралските должности затоа што британскиот печат бил „штетен за него“ и му го уништувал психичкото здравје. Хари се обиде да биде искрен во емисијата „Лејт лејт шоу“ на Џејмс Корден. Двоецот притоа се возеше во двокатен автоус без покрив низ Лос Анџелес, а Хари, меѓу другото, му одговори на популарниот водител зошто ги напуштил кралските должности... https://youtu.be/7oxlCKMlpZw - Не се оддалечив од нив... Но, треба да го заштитам своето семејство. Го направив она што секој сопруг и татко би го направил - морав да го однесам семејството подалеку оттаму, појасни Хари. Натаму, принцот уште еднаш нагласи дека, во суштина, тој не се оддалечил од кралското семејство. - И, што се однесува до мене, јас никогаш нема да си заминам!, истакна тој. Хари проговори и за серијата „Круна“. Имено, нему му е драго што серијата ја прикажува историјата на неговото семејство, но „не како вести“, и дека би сакал, во идните епизоди, него да го глуми Дејмијан Луис. За време на возењето, домаќинот и принцот пиеја попладневен чај, па Хари му призна на Корден и дека знаел оти Меган е „вистинската“, на нивниот втор состанок. Гостинот откри и дека кралицата на својот внук Арчи му купила калап за вафли за Божиќ. си/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан