• петок, 27 декември 2024

Принцот Филип префрлен во друга лондонска болница

Принцот Филип префрлен во друга лондонска болница

Лондон, 1 март 2021 (МИА) - Британскиот принц Филип денеска беше префрлен во друга болница откако речиси две недели беше хоспитализиран во во лондонската приватна болница „Крал Едвард Осми“ поради инфекција.

Бакингемската палата денеска потврди дека војводата од Единбург е пренесен во болницата Свети Бартоломеј.

Принцот Филип (99) ќе остане во болницата Свети Бартоломеј до крајот на неделата. Принцот Чарлс кој го посети неговиот татко во болница изјави дека војводата од Единбург не е заразен со Ковид-19, туку дека се лекувал од инфекција. ми/  

Остани поврзан