• сабота, 23 ноември 2024

Принцот Ендрју ја плати отштетата кон Вирџинија Џуфре

Принцот Ендрју ја плати отштетата кон Вирџинија Џуфре
Лондон, 9 март 2022 (МИА) - Принцот Ендрју ѝ ја плати финансиската отштета, по спогодбата, на Вирџинија Џуфре, со што формално завршува граѓанската тужба против него покрената во САД, според судските документи. Судот во Њујорк во вторникот го потпишал решението со коешто се означува последната фаза од решавањето на случајот со сексуалниот напад за кој Џуфре го обвини британскиот принц. Сумата што ја платил војводата од Јорк во договорот од минатиот месец не е откриена, но според судските документи, секоја страна „ќе ги сноси сопствените трошоци и такси“. „Принцот Ендрју никогаш немал намера да го омаловажи ликот на г-ѓа Џуфре и прифаќа дека таа настрадала како жртва на злоупотреба и на неправедни јавни напади“, се вели во документот. Во заеднички претходен документ, адвокатите наведоа дека спогодбата вклучува непозната сума пари и дека војводата од Јорк има намера да направи значителна донација на сметка на добротворната организација на обвинетата, којашто се залага за поддршка на жртвите на насилство.  си/

Остани поврзан