• сабота, 23 ноември 2024

Принцот Вилијам настојува принцот Ендрју да биде трајно и целосно отстранет од кралскиот живот

Принцот Вилијам настојува принцот Ендрју да биде трајно и целосно отстранет од кралскиот живот
Лондон, 21 јуни 2022 (МИА) - Принцот Вилијам настојува неговиот веќе јавно отфрлен чичко, војводата од Јорк, принцот Ендрју да биде трајно и целосно отстранет од кралскиот живот и должностите, додека младиот наследник за британскиот престол се подготвува да преземе поголеми одговорности пред можната смрт на неговата 96-годишна баба - кралицата. Во низа написи на „Дејли мејл“ во пресрет на 40-от роденден на принц Вилијам, познатиот „кралски известувач“ Ребека Инглиш цитира извори кои велат дека Вилијам е „на иста страна“ со неговиот татко кога станува збор околу намалување на бројот видни членови на кралското семејство и дека тој не гледа никакво враќање за Ендрју, кој беше обвинет за сексуална злоупотреба на малолетничка и поврзаност со сексуалниот напасник Џефри Епстин. [caption id="attachment_1633966" align="aligncenter" width="1024"] Принц Ендрју[/caption] Војводата од Јорк, принцот Ендрју (62) е трето дете и втор син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Тој е деветти во низата наследници за британскиот престол. „Тој (принцот Вилијам, б.п.) се чувствува многу решен за ова и ако беше до него, ќе настојуваше работите да се случат многу побрзо отколку што се случуваа“, како што вели неименуван негов пријател за весникот. И друг извор додава дека внукот на кралицата има строги ставови за војводата од Јорк. „Тој верува дека неговото настојување во обидот да се држи до јавна улога е многу опасно за институцијата (кралското семејство, б.п.). Тој (принцот Вилијам), да зависеше од него, одамна ќе 'го исфрлеше' (принцот Ендрју). Тој разбира дека кога се работи за мајка и син, таа состојба е сложена, но искрено мислам дека тој само посакува да исчезне од очите на јавноста“, појаснува неименуваниот извор. Според наводите, Вилијам е и „во жалост“ поради уништената врска со Хари, но „многу е близок со своите братучетки Беатрис и Јуџини“ (ќерките на принцот Ендрју), и смета дека е „многу добро“ што тие имаат „свои семејства и кариери“.  си/сд/

Остани поврзан