Прилеп навремено изгаснат пожар во куќа
- Доцна попладнето во Прилеп избувна пожар во куќа на улица „Вардарска“ број 2. Нема повредени иако при избувнувањето на пожарот во куќата биле две жени. Причинета е материјална штета.
Прилеп, 26 мај 2020 (МИА) - Доцна попладнето во Прилеп избувна пожар во куќа на улица „Вардарска“ број 2. Нема повредени иако при избувнувањето на пожарот во куќата биле две жени. Причинета е материјална штета. Противпожарната единица брзо интервенирала и не дозволила пожарот да ја зафати целата куќа и соседната до неа.
Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица пожарот избувнал од сѐ уште непознати причини во просторија на првиот кат.
-Опожарена беше една соба. Просторијата целосно е изгорена, но беше спречено пожарот да ја зафати целата куќа, па и соседната. Успешно е изгаснат. Се интервенираше со две противпожарни возила и 10 пожарникари. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува. Просторијата е на првиот кат. Причината може да биде различна. Ако не е човечки, тогаш е технички фактор, изјави Стојчески.
При избувнувањето на пожарот внатре биле две жени, сестри на околу 50 годишна возраст кои живееле заедно. Прв им притекнал во помош соседот, а наскоро пристигнале пожарникарите кои го изгаснале пожарот. ем/ир