• сабота, 23 ноември 2024

Прилепчани весело ја пречекаа Новата Година, првото бебе е женско

Прилепчани весело ја пречекаа Новата Година, првото бебе е женско

Прилеп, 1 јануари 2024 (МИА) - Во весела атмосфера и со многу желби за подобра, посреќна и побогата 2024 година, прилепчани ја пречекаа Новата Година. Голем дел во своите домови, со семејствата и најблиските, а други уште викендот заминаа на прослава во и надвор од земјата.

Прилеп годинава немаше организирана пролава на плоштадот, но на полноќ со огномет градските власти ја најавија Новата 2024 година.

Во Новата година, прво се роди женско бебе. Еден час и половина по полноќ, на Одделението за гинекологија во прилепската градска болница среќната мајка Низакете Керимоска од селото Црнилиште на свет го донесе своето второ дете. Од Одделението информираат дека и мајката и бебето се во одлична состојба. Во текот на денот првото новороденче во Прилеп во новата 2024 година ќе добие подароци од градските власти и градоначалникот Борче Јовчески. ем/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан