• вторник, 12 ноември 2024

Прилепски Кризен штаб: Ажурирање и превентивно дејствување на институциите поради обилните врнежи од дожд

Прилепски Кризен штаб: Ажурирање и превентивно дејствување на институциите поради обилните врнежи од дожд

Прилеп, 16 јуни 2023 (МИА) - Превентивно да се дејствува и сиот физички потенцијал и механизација на јавните комунални претпријатија постојано да бидат ажурни поради перманентните врнежи од дожд, беше констатирано на денешниот состанок на прилепскиот општински Кризен штаб и на Советот за безбедност на Прилеп. Особено да се покаже подготвеност зашто поројните дождови проследени со невреме во два наврати предизвикаа одредени поплавувања и целосна активност на противпожарната единица и на јавните комунални претпријатија за расчистување и испумпување на полавените подруми и простории,посебно во прилепските населби Варош и Тризла.

- На состанокот, конкретно, дискутиравме за деновите кога имавме обилни дождови и полави. Разговаравме и со директорите на јавните комунални претпријатија кои веднаш по настанатите ситуации излегоа на терен и дадоа максимален придонес да се отстранат сите наслаги од тиња и смет, особено во речното корито. Посебен акцент се даде на тоа во иднина превентивно да се дејствува и да имаме ажурирање на сета потенцијална физичка сила и на расположливата механизација, изјави по состанокот прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. ем/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан