• недела, 24 ноември 2024

Прилепскиот градоначалник и претставници на општинскиот совет положија цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто

Прилепскиот градоначалник и претставници на општинскиот совет положија цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто

Прилеп, 24 јули 2021 (МИА) - По повод 64-годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, делегации го посетија неговиот споменик во центарот на градот и се поклонија пред големиот деец.

Пред неговиот споменик цвеќе положија и се поклонија прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, претставниците на општинскиот совет и на политички партии.

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година, во својот роден град.ем/бт/

Остани поврзан