• среда, 25 декември 2024

Признанија за танчерите од „Ритам Плус“ на Меѓународен танцов спортски натпревар во Солун

Признанија за танчерите од „Ритам Плус“ на Меѓународен танцов спортски натпревар во Солун

Скопје, 9 април 2023 (МИА) - Македонските натпреварувачи од Танцовиот спортски клуб „Ритам Плус“ - Скопје учествуваа на Меѓународниот танцов спортски натпревар „WDSF TDF“, што вчера се одржа во Солун. Танчерите остварија исклучителни резултати и се закитија со признанија. 

-Успесите кои ги постигнаа уште еднаш потврдија дека македонските натпреварувачи заслужуваат сериозна поддршка, бидејќи нивниот квалитет го препознаваат и меѓународните реномирани судии, лиценцирани од Светската спортска танцова федерација, информираат од ТСК „Ритам Плус“.

Сашка Колеска освои прво место во категоријата латиноамерикански танци, соло- возрасни. Мила Димовска го освои третото место во категоријата – латиноамерикански танци, соло - возрасни.

Ана Колевска го освои второто место во категоријата – латиноамерикански танци, соло - пионери 2.

Арсениј Шаповалов и Теодора Стојановска освоија второ место во категоријата латиноамерикански танци, танцови двојки - млади младинци и четвртото место во стандардни танци.

Лука Димовски и Ана Колевска освоија второ и трето место во својата старосна група – пионери 2 во категориите стандардни и латиноамерикански танци.

 Ана Јанческа се пласираше во финале во својата категорија и го освои седмото место. Глорија Синколова, како што наведуваат, беше одлична на своето прво претставување надвор од нашата држава по минатогодишниот успех во Србија. мд/

Фото: Фејсбук на ТСК „Ритам Плус“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан