• четврток, 19 декември 2024

Прием на странки во Општина Центар секој вторник и четврток од 9 до 11 часот

Прием на странки во Општина Центар секој вторник и четврток од 9 до 11 часот
Скопје, 11 јули 2022 (МИА) - Општина Центар соопшти дека од денеска се менува саатницата за отворениот ден за прием на странки во општината. -Наместо како што беше досега, секој вторник и четврток од 13 до 15 часот, отсега секторите ќе примаат странки од 9 часот наутро до 11 часот. Промената се врши со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, имајќи предвид дека се работи за летен период со високи дневни температури, информираат од општината. Во времето предвидено за прием на странки, сите забелешки, идеи и проблеми, кои се во надлежност на општината, жителите на Центар ќе можат да ги споделат со надлежните општинските служби. дма/рп/

Остани поврзан