• недела, 24 ноември 2024

Придобивки од конзервираната храна

Придобивки од конзервираната храна
Лос Анџелес, 12 август 2021 (МИА) - Некои конзервирани намирници може да бидат доста хранливи, но ваквата храна е лесна за употреба и при подготовка на оброците. Нутриционистката Лесли Бобо за „Риал симпл“ наведува дека таквата храна обично се конзервира веднаш по бербата, така што не губи многу хранливи материи во конзервата. Подолгиот рок на траење е една од главните придобивки. Според нутриционистката, ова се петте најздрави видови конзервирана храна... Праските се одлични како додаток на јогурт или овошни салати, а исто така, може да се користат како замена за шеќерни сирупи на палачинки или во сладолед. Препорачливо е да се користат праски од конзерва, или ананас или портокали, кои се потопени во сопствениот сок, меѓу другото, и за помал внос на шеќер. Конзервираниот црн грав има повеќе од два грама протеини во една чаша, односно 7,5 грама протеини по оброк. Доматите, обично, се гмечат и конзервираат веднаш по берењето, па затоа се одлични за супа или сосови за тестенини. Конзервираните домати содржат разни хранливи материи што се наоѓаат и во свежите домати, како што се витамин Ц и ликопен. Изберете конзерва што вели „без додадена сол“. Може да чувате и тиква во конзерва, и тоа подолго време. Пирето од тиква е богато со витамини А и Ц и влакна, и е одлична замена за путер при печење. Свежиот лосос, иако е вкусен, обично е скап и брзо се расипува. Конзервираниот лосос не само што трае подолго, туку и ги има истите нутритивни придобивки (на пр. витамините Д и Б-12), како и свежиот лосос.  си/сд/

Остани поврзан