• сабота, 23 ноември 2024

Пригожин: Подготвени сме да умреме за татковината

Пригожин: Подготвени сме да умреме за татковината

Москва, 24 јуни 2023 (МИА) - Шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, синоќа изјави дека неговите борци и самиот тој се подготвени да загинат за татковината и ослободувањето на рускиот народ од сегашното воено раководство.

„Подготвени сме да умреме, сите 25.000“, рече Пригожин во новата аудио порака на каналот Телеграм.

„Затоа што гинеме за татковината, умираме за рускиот народ, кој мора да се ослободи од оние кои го бомбардираат цивилното население“, нагласи шефот на Вагнер, кој е во одмаздничка кампања против руското воено раководство.

Пригожин во една од вчерашните серија видео пораки кажа дека собориле руски воен хеликоптер што отворил оган врз колона цивили, но не наведе детали за локацијата на наводниот инцидент. 

АФП не можеше да го потврди неговото тврдење.

Шефот на Вагнер ја обвини руската војска за „уништување“ на неговите борци и вети дека ќе му се одмазди на рускиот воен врв, по што руската разузнавачка служба ФСБ отвори кривична постапка против него за повикување на вооружен бунт. Пригожин, без да наведува докази, изјави дека военото раководство убило голем број негови борци во воздушен напад, што Русија го отфрли.сд/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан